Motherhood

Што ако детето ви е пребирливо со храна!?

Се сеќавате кога бевте мали и кога родителите правеле се за да ве нахранат? А сигурно сте биле сведоци и на многу ситуации во кој родителот ќе почне да скока и на глава само за да си го нарани детето. Затоа наместо секој ден да водите борба со цел да ја јаде сервираната храна, обидете се на смирен ненаметлив начин да го надитрите.

  • Вклучете го во подготовката и купувањето на храната. Кога сте во супермаркет, оставете го вашето дете да ги одбере зеленчуците и овошните плодови. Така ќе биде посклоно да ги проба кога ќе му ги послужите на масата. Исто така, вклучете го во самата подготовка на јадењето. Додека ги сечкате зеленчуците, направете пауза неколку пати и оставете го вашето дете да ги собере од даската за сечкање и да ги стави во чинија. Или пак дајте му да ги мие плодовите. Кујната е одлично место каде што децата можат да дојдат во допир со зеленчуците и плодовите, за кои во други услови воопшто нема да се заинтересираат.
  • Дајте му повеќе избор. Сервирајте многу различни јадења за секој оброк. Колку почесто детето стапува во контакт со дадена храна, толку е поголема веројатноста дека ќе ја прифати и ќе ја јаде. На почетокот на оброкот ставете на маса свежа салата или чинија со зеленчуци. Тогаш детето е најгладно, па сигурно ќе падне во искушение да проба.
  • Нудете му една по една нова храна. Наместо да послужите повеќе нови јадења, послужете го омиленото негово јадење и ставете на масата нешто ново. Но, не ѝ ставајте голем акцент на новата храна. Оставете ја без да најавувате дека е нешто ново. Така ќе му побудите поголем интерес за да ја проба. Имајте во предвид дека децата радо би јаделе нешто што им е познато и што со сигурност знаат дека им е убаво, наместо да пробаат нешто ново. Затоа, бидете трпеливи.
  • Не му придавајте големо значење на десертот. Доколку употребувате условување од типот „само ако изедеш сè во чинијата, ќе можеш да јадеш чоколадо“, вие му давате големо внимание на десертот и го правите еден вид награда. На таков начин му потскажувате на вашето дете дека десертот е највкусното нешто и тоа ќе го сака уште повеќе.

Напиши коментар