Motherhood

Што значат цртежите на вашите деца!

поред експертите, децата не цртаат за да изнудат комплименти од своите родители. Тие сакаат да зборуваат за своите мали, уникатни дела. Затоа прашувајте го вашето дете за деталите кои тоа ги нацртало во цртежот. Разговарајте за тоа што значат тие за него. Истражувањата покажуваат дека децата се склони повеќе да зборуваат и да дадат повеќе информација додека цртаат. Тогаш тие се чувствуваат поопуштени.

Ако вашето дете не е заинтересирано да зборувате за цртежот, не се разочарувајте. Најверојатно тоа е еден од оние цртежи кои не се важни за него.

Кога имаат избор, децата внимателно си ги избираат алатките за да направат уникатна уметничка слика. Тој избор е резултат на нивното расположение и индивидуалност.

  • Избор на хартија. Изборот на големината на хартијата за сликање е добар индикатор за тоа каква позиција сака детето да заземи во реалниот живот. Колку е поголема хартијата за цртање која ќе ја избере детето, толку повеќе тоа сака да се истакнува во животот. Ако детето избира мала хартија за да ги отслика своите мисли и чувства, тоа значи дека има добра концентрација.
  • Избор на молив или боици. Кога детето избира широки, тапи моливи или боици за цртање, тоа значи дека е решително, а кога избира убаво наострени моливи, тоа има потешкотии да се изрази и да застане зад своите ставови.

 

Write A Comment