Motherhood

Совети за хранење на бебиња

Бебето во принцип не сака промени – тие го збунуваат, така што, нерасположението е за напорот кој бара постојано приспособување на новините.

Заради тоа, при воведувањето на промените, придружувајте се до одредени правила.

Како да ги менувате? 

Основното правило кое важи за секоја промена, е тоа дека треба да се оди постепено. Ова е неопходно за да може и вкусот, но и стомачето на бебето да се приспособат на промената. Во принцип, кога ќе му се дава нова храна, на бебето му се дава една лажичка и ако не се појават плускавци, ако не повраќа или не добие пролив, секој ден се зголемува количеството на храната за 5 грама, т. е. за една лажичка.

На пример, во 4-тиот месец на бебето почнува да му се дава зеленчук. Но, бебето не може преку ноќ да се навикне на таа промена, па потребно е 15-тина дена да се навикне на тоа. За тоа одлично ќе послужи супата од зеленчук. Еве како: кога бебето ќе наполни 3,5 месеци, една до две лажици дневно ќе му го подготвите оброкот со супа од зеленчук наместо млеко. Два, три дена во супата ќе му го подотвите оброкот со супа од зеленчук наместо со млеко. Два, три дена во супата ќе измешате еден дел од зеленчукот од кој сте ја свариле супата (со миксер пасиран). Потоа, таа супа ќе ја правите се погуста така што постепено ќе го намалите количеството на зеленчук. Така безболно ќе премина од густа супа на поретка кашичка.

Првото правило на постепеност ќе го применувате на секоја храна: почнувајќи од јајцата, па преку бананите до телешкиот црн дроб. Постепено ќе му додавате половина лажичка, една лажичка, па лажичка. Исто така, кога ќе решите да го научите да џвака, ќе му дадете прво сосема мали залаци, потоа се поголеми и поголеми за да завршите со залачиња со нормална големина.

Втора правило – секоја промена би требало да ја воведува мајката лично. Ова е важно дури и ако таа не е идинствена личност која го храни бебето.

Трето правило – при промената, мора да се води сметка дека се работи за промена на еден елемент. На пример, нема да му давате месо и боранија истиот ден, ако се покаже дека детето има проблеми со варењето, тогаш не би знаеле дали е заради тоа месото или заради боранијата.

Четврто правило – новата храна не давајте му ја со нова лажичка. Би можело да се случи бебето да ја одбие храната токму поради лажичката која ја третира како туѓа.

Петто правило – избирајте поволни моменти. Не воведувајте ги промените оној ден кога бебето е уморно или кога му расте запче.

Шесто правило – новината воведувајте ја во време на оној оброк кога детето е најгладно.

Седмо правило – придружувајте се на бебиниот ритам, но сепак, не чекајте предолго со внесување на промени. Во спротивно, ќе ви биде потешко.

Напиши коментар