Спорт

Србија во шок: Новак Ѓоковиќ се повелкува од тенисот!

Неверојатна вест се појави пред неколку дена по завршувањето на Мастерсот во Мајами. Новак Ѓоковиќ на своите најблиски соработници им соопштил дека сака да прекине со тениската кариера, а тоа ќе го направи веднаш по завршувањето со учеството на Отвореното првенство на Франција, популарниот Ролан Гарос, едниствениот Грен слем кој Новак го нема во своја сопственост.

Каков шок!

Српскиот тенисер кој има неполни 27 години, ќе се обиде да и каже збогум на кариерата во која само од три турнири заработи преку 60 милиони долари!

Како и да помине во Париз, Новак својот последен официјален меч во професионалната кариера ќе го одигра во главниот град на Франција.

Не е точно познато кои се причините поради кои Новак се одлучил на таков чекор, но неофицијално може да се чуе дека Новак планира озбилно да се вклучи во организирањето на Голгф турнири на глобално ниво, со оглед на тоа дека минатата година стана еден од акционерите на прочуениот “PGA турнир” заедно со Тајгер Вудс.

Имено, бракот со Јелена Ристиќ не е причина за откажување од професионалната кариера.

На јавноста во Србија ќе и објасни се по враќањето од САД каде ќе одмара неколку дена.

Неофицијално дознаваме дека конференцијата ќе биде одржана следниот вторник во хотелот Хајат, а до тогаш, медиумите нема да имаат можност на оваа тема да разговараат со српскиот тенисер.

Зошто? Дали е ова некоја првоаприлска шега:)

Write A Comment