Prison brake

Среќен роденден „Facebook“!

На 04 Февруари во 2004 година се лансираше најголемата социјална мрежа Facebook.

За десет години корисниците на Facebook воспоставиле повее од 200 милијарди пријателства, така што оваа социјална мрежа во многу го измени поимањето на пријателството, коешто сега често асоцира на присуство на лице во листата со контакти на социјалната мрежа. Во 2009 година Facebook прва од социјалните мрежи ја воспостави функцијата Like, а во моментов на неа се „кликнува” просечно по 6 милијарди пати на ден.
Цукерберг во почетокот не сакал на Facebook да има можност за споделување на фотографии, но од моментот на воведување на оваа опција во октомври 2005 година корисниците на социјалната мрежа на неа поставиле повеќе од 400 милијарди снимки, Покрај тоа, само во последните две години корисниците на Facebook размениле 7,8 трилиони пораки на мрежата.
Социјалната мрежа „држи” и уште еден важен рекорд – првата јавна понуда на своите акции во мај 2012 година, кога Facebook привлече 16 милијарди американски долари, што претставува најуспешното IPO во историјата на САД. Иако од почетокот акцијата на Facebook забележа остар пад на цената, претходната година нејзината вредност се зголеми повеќе од двојно.

Write A Comment