Направена е нова студија во која е спроведена кампања за суплементи во исхраната и открила дека просечна жена слабее околу 2 килограми по месец, поради тоа што партнерот ја оставил.
Во случај жената за година дена да не влезе во врска, во просек слабеат и по 6 килограми! Околу 46 посто од испитаниците изјавиле дека по раскинувањето немаат апетит.
Звучи познато зар не? А од друга страна, ист процент на волонтерки изјавиле дека намерно слабееле, затоа што сакале да изгледаат подобро отколку пред да раскинат, така што полесно би пронашле нов партнер.
Дури 77% од жените изјавиле дека се послаби кога се сами, отколку кога се во врска. Сепак не секое прекинување значи топење на килограмите. Жените кои го иницирале прекинувањето, не покажале значајна разлика на вагата, за разлика од тие што биле оставени!!
