Prison brake

Тетоважите тешко се отстрануваат!

Дури и за отстранување на помали тетоважи, работени со црно мастило, кои се направени во рок од половина час, некогаш се потребни години за да се отстранат, предупредуваат експертите од италијанскиот Истражувачки центар GISED, од Бергам.

Околу половина од оние кои се одлучуваат за тетоважа, еден ден сакаат да ја отстранат. Но, од 352 анализирани случаи, отстранувањето на тетоважата со таканаречениот “Q-switched” ласер, после десет сеанси ниту половина не е успешно, додека после 15 сеанси со успех е отстранета само четвртина од тетоважата.

Пушачите, како и оние кои помеѓу две сеанси направиле пауа пократка од два месеци, се под поголем ризик тетоважата да не им биде успешно отстранета, тврди тимот на истражувачи.

Неуспехот кај пушачите се толкува со влијанието на цигарите на имунолошкиот систем, а синото и жолтото мастило тешко се отстранува поради реакцијата на ласерот на индивидуалниот пигмент на тетовираната личност.

Напиши коментар