Motherhood

Учениците мора да внимаваат на исхранта!

Дали учениците имаат здрави навики во исхраната?

На ова прашање не е така лесно да се оговори, бидејќи постојат многу различни фактори кога зборуваме за храната. Факт е дека јадењето е неопходност, но, тоа исто така претставува моќно емотивно средство. Јадеме од повеќе причини: да го задоволиме гладот, заради уживање, радост, среќа. Јадеме кога сме фрустрирани или очајни. Некои од нас јадат и од религиозни причини, на пример, некои католици јадат риба во петок.

Секој од нас има одредени навики во исхраната кои потекнуваат од раното детство. Со текот на времето, овие навики можеби во нешто се измениле, но сепак можеме да забележиме и извесни доследности.

Учесниците мора да ги научат основните податоци за исхраната, но и да ги согледаат и факторите што влијаат врз нивните одлуки во однос на исхраната. Оваа програма е така осмислена да им ги пренесе на учениците основните податоци на храната и да ги упати во процесот на одлучување. Најчесто учениците не сфаќаат дека се што прават во однос на храната всушност претставува одлучување.

Бројот на болестите, поврзани со начинот на исхраната, за жал постојано расте. Доколку учениците го сфатат односот помеѓу храната и здравјето, ќе можат сами да донесуваат одлуки што ќе се одрази на нивното здравје. Исто така, ќе мора да научат да превземаат извесна одговорност за сопственото здравје. 

Write A Comment