← НАЗАД НА БОЗА

За овие работи постарите се секогаш во право!

За овие работи постарите се секогаш во право!
3178 Читања

Времето поминува, а со тоа и мудроста доаѓа во нашиот ум. За некого повеќе за некого помалку. Како и да е, ова се работите за кои ко мали имавме предрасуди, а сега ги разбираме!

Ќе дојде време кога браќата и сестрите ќе ви бидат најдобри пријатели

Иако како мали сигурно постојано се карате и се лутите, мислите дека веднаш би ги замениле, како што растете сè повеќе ви се потребни и се едни од најзначајните личности во вашиот живот за кој би направиле сè.

Треба да се грижите за оние на кои им е потребна вашата помош

Без разлика дали се ваши роднини, пријатели или само познаници ако видите дека се во некоја неволја треба да ја понудите својата помош или да покажете грижа. Тоа го прават и родителите кога прашуваат за вашите пријатели кои не се нивна грижа, но сакаат да помогнат во нешто доколку можат или да бидат во тек со она што се случува и кое ве загрижува.

Скршеното срце поминува и ќе најдете нешто подобро

Фразата дека оние кои се вредни за твоите солзи нема да дозволат да заплачеш е често споменувана, но многу точна. Тоа што како тинејџери сте се заљубиле во погрешна личност која ви го скршила срцето или ве разочарала не значи дека е крај на светот. Кога ќе ја запознаете вистинската личност, ќе заборавите на сите минати болки.

Некогаш треба да се обидете да направите нешто сами , но дозволено е да побарате помош

Не треба цел живот да чекате дека некој ќе ви ги сервира работите што ги сакате. Понекогаш треба да преземете иницијатива и да почнете нешто сами, но родителите се секогаш тука за да ви помогнат ако е неопходно. Важно е да се обидете.

Понекогаш е важно да ги ставите другите на прво место

Без разлика дали се тоа луѓе од семејството, пријателите и соработниците, понекогаш треба да им дадете приоритет за да знаете дали се среќни оние кои се околу вас. Така се создава позитивна комуникација во вашата околина. Колку се тие посреќни, толку повеќе може да влијаат и на вашата среќа.

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk