Prison brake

За што ни користат пребарувачите на интернет!

Знаете некое име но не знаете како изгледа? Google ќе ви помогне – откако ќе изгугламе нечие име, Google ни ги ни нуди фотографиите од таа личност.

Сте слушнале за Google автомобил без возач? Луѓето седнуваат во автомобил внесуваат посакувана дестинација и возилото прави се наместо него. Иако услугите не се глобално достапни, автомобилите без возач веќе се користат во некои држави на САД.

Ако сакате да одите во кино, можете да ги изгуглате податоците за филмот, глумците..

Колку јазици говорите?  “Se utilizó para aprender idiomas, ahora Google Translate” – преведете ја оваа реченица на Google Translate.

Google ви помага да ја утврдите вистинитоста на некои информации. Некогаш сте 100% сигурни во нешто, но вашите другари ве убедуваат дека не сте во право. Сега можете да ја проверите информацијата.

Благодарение на Google пребарувачот само внесуваме дел од некои фрази и ги добиваме посакуваните цитати.

Секојдневно се мачите со конверзија на различни единици? Google знае и за тоа.

Google ни помага да го провериме значењето на некои зборови, па така речник со страници повеќе не ни е потребен.

Правилно пишување на зборовите. Дали сте го искористиле Google само за да проверете дали правилно сте го напишале зборот?

Google ни помага да провериме податоци за некого. Фејсбук некогаш не е доволен кога сакаме за некого да дознаеме повеќе.

Google ни помага да се снајдеме во просторот – благодарение на Google мапите имаме идеална слика за местото кое го бараме.

Дали некој се чувствува како готвач во печатена верзија? Денес после напорниот ден на работа во краток рок сакаме да организираме вечера, ја гугламе адресата и бројот на телефон на најблиската достава која на нашата адреса ни носи готово јадење.

Google ни пружи забава – секогаш можеме да гледаме некое видео на YouTube, кој Google го купи, откако стана планетарно популарен.

 

Напиши коментар