← НАЗАД НА БОЗА

Зачувајте ја кожата на бебето

 Кожата на децата и бебињата е многу нежна, тенка, чувствителна и подложна на надворешни влијанија. Затоа лесно може да дојде до нарушување на нејзината природна рамнотежа, губење на влагата и склоност кон иритации.

Порано се верувало дека за нега на бебешката кожа е најдобро да се користи само чиста, топла вода.

Меѓутоа денес постојат научни сознанија и докази дека капењето само со топла вода, значително ја суши кожата.

Правилната нега на кожата е многу важна за здравјето на бебињата и децата. Бебешката кожа треба да се негува со производи кои се специјално создадени и наменети да ги задоволат потребите на нежната и чувствителна кожа. Ова значи дека козметиката за бебиња и деца треба да биде на природна база, од органско потекло, без или со мало количество парфем, да не содржи конзерванси и други адитиви кои можат да предизвикуваат алергетски реакции.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk