За прв пат претставена во дамнешната 1999. година, Pagani Zonda конечно оди во заслужена “пензија” со специјална едиција “Revolucion”, која е претставена на Салонот за автомобили во Женева. Оваа верзија во многу работи го искористи знаењето стекнато при развојот и производството на тркачкиот модел Zoda R.
За погонот се грижи веќе добро познатиот V12 AMG Mercedes.
Цената на оваа верзија изнесува фантастични 2,3 милиони евра, а произведени се само пет примероци.


