Prison brake

Жените живеат подолго од мажите!

Имуниот систем на жените побавно старее од оној на мажите. Со стареењето бројни крви зрнца се намалуваат и кај двата пола, но клучната разлика лежи во “Т” ќелиите кои го штитат телото од инфекции, и “Б” ќелиите кои создаваат антитела.

“Т” и “Б” келиите кај мажите побрзо пропаѓаат отколку кај жените, а истото важи и за посредниците во имунолошкиот систем, цитокини IL- 6 и IL-10.

Токму поради тоа мажите се подложни на воспаленија. За разлика од тие ќелии, со годините бројот на ќелиите CD4 и Т специфичните ќелии кои телото го бранат од бројни закани кај мажите се намалува, а кај жените си останува ист.

Имуниот систем го штити организмот од инфекции и различни видови карциноми, но ако не функционира како што треба, може да предизвика сериозни заболувања.

Напиши коментар