Motherhood

Знаеме ли се за пушењето во текот на бременоста?

Бебето во матката добива сè што му е потребно (храна и кислород) од својата мајка. Пушењето не само што го изложува фетусот на токсини од цигарите, туку и ја уништува плацентата.

Кога едно лице пуши, дел од кислородот во неговата крв се заменува со јаглерод моноксид. Ако пуши бремена жена, нејзината крв и крвта на нејзиното неродено бебе содржат помалку кислород од нормалното. Резултатот е забрзан срцев ритам кај бебето и тоа се бори да добие доволно кислород.

Во чадот од цигарите се содржат токсични супстанции, кои што го спречуваат нормалното функционирање на крвта. Тоа се одразува на плацентата.

 

Бебињата чии мајки пушеле во текот на бременоста:

  • Почесто се раѓаат предвреме.
  • Имаат пониска телесна тежина за околу 200g од бебињата чии мајки не пушат. Овој ефект на цигарите се зголемува пропорционално т.е. колку повеќе пуши мајката, толку помала ќе биде тежината на бебето.
  • Имаат помали органи од бебињата кои се родени од непушачи.
  • Страдаат од полошо функционирање на белите дробови.
  • Изложени се на двојно поголем ризик од ненадејна смрт на доенче.
  • Се разболуваат почесто. Бебињата чии мајки пушат по 15 и повеќе цигари дневно, во текот на бременоста, посетуваат болница двојно повеќе во текот на првите месеци од нивниот живот.
  • Најверојатно и тие ќе станат пушачи во текот на нивниот живот.

 

Напиши коментар