Керозин

Зошто ни се повраќа од возење автомобили?

Кинетоза е болест во движење или морска болест. Екипата на Хед Скуиз се потрудила да објасни научно што стои во позадина на овие конфликтни чувства кои не носат во ситуација да чувствуваме мачнина во авионот, бродот или автомобилот.

Кинетозата се јавува кога повеќе чувствителни системи, во овој случај вид и центарот за рамнотежа кој се наоќа во увото, различно го доживуваат движењето. Пример, кога се возиме во автомобил, осетот за рамнотежа праќа порака дека нашето тело се движи, меѓутоа во исто време нашиот вид ни праќа порака дека мирно седиме.

Така настанува конфликт помеѓу овие две чувства кои предизвикуваат непријатни симптоми како мачнина, повраќање и вртоглавица

Освен во сообраќајните средства, ова непријатно чувство може да го доживеете во луна парк, во кино и на виртуелни симулации за игри.

Напиши коментар