Ако сте љубител на сочно топено сирење, тогаш овој рецепт е едноставно совршен за вас. Секако и ако се чувствувате како „антиталент“ во кујната, бидејќи е еден од наједноставните рецепти кои некогаш ќе ги сретнете.

Токму така, сочно, вкусно, едноставно, брзо…
Што повеќе ви треба за да ве убедиме денес да го пробате?
Потребни состојки:
- 6 мини бриоши
- 6 парчиња салама
- Моцарела по желба
- 600ml бешамел
Подготовка:
Ги сечете 6-те бриоши на два дела.

На нив, мачкате путер.

Во подлабок сад, наредете по 6 парчиња од бриошите и на нив наредете по едно парче салама по желба. Ставете моцарела по желба. Сега наредете ги и останатите 6 парчиња бриоши.


Одозгора потопете ги во бешамел сосот. За крај, додадете уште малку моцарела.

Печете на претходно загреана рерна додека не забележите златно-жолта боја.

.

