Bridal

20 нетрадиционални венчаници за невести кои сакаат нешто поразлично

Трендовите доаѓаат и си одат, како во секојдневната така и во невестинската мода. А денес ќе се фокусираме особено на венчаници.

Меѓутоа, ако прво мислите за класичен бел фустан, ние мора веднаш да ви кажеме дека нема да го најдете тука.

Зошто? Бидејќи во последните неколку сезони, постои тренд кој диктира малку поинаков, нетрадиционален стил кој и овозможува на секоја идна невеста да избере фустан токму според нејзиниотвкус.

Во такви дизајни, невестите ќе можат целосно да го истакнат својот карактер и стил во кој се чувствуваат удобно.

Денес, можете да инвестирате во фустан што воопшто не е венчаница, а со тоа да заштедите многу пари.

Од друга страна, можете да купите (или изнајмите) фустан што носи етикета на венчаница, но што воопшто не потсетува на оние креации во кои сме навикнати да ги гледаме невестите пред олтарот.

Инспирирани од овој тренд, сакавме да собереме неколку силуети фустани на едно место што ќе ве натераат да ги надминете сите правила и да носите фустан во кој се вљубивте на прв поглед – без разлика дали станува збор за „венчаница“.

Уживајте!

Напиши коментар