Motherhood

Бели шумови – дали бебињата можат да станат зависни?

Експертите даваат одговор на едно од најчестите прашања на родителите кога станува збор за т.н. бели шумови при успивањето на детето.

Родителите ќе се обидат да направат се за да го натераат своето дете да спие преку ноќ. Кога станува збор за стресот и несоницата, многумина не прашуваат и ги испробуваат сите расположиви методи, а понекогаш и наоѓаат спас во т.н. бели шумови.

Прашањето е дали бебињата можат да станат зависни од нив? Експертите дадоа одговор.

„Бебињата сè уште се изложени на звуци што звучат како гласна правосмукалка во матката. Затоа им е тешко на бебињата на почеток да заспијат без бел шум“, објасни д-р Харви Карп.

„Загриженоста дека детето ќе стане зависно од белиот шум е исто како и да се грижиш дека возрасно лице ќе биде зависно од спиење во кревет или на перница. Веројатно не би те уништило да спиеш на ладен под без перница, но не би ти било удобно. Значи, оставете ги децата да го слушаат белиот шум на којшто се навикнати, ќе ги направите посреќни, а и вие ќе се наспиете“, рече тој.

Сепак, д-р Карп сугерира да не користите бел шум во текот на денот. Тој вели дека слушањето на нормални, вообичаени домашни звуци при совладување на говорот, звукот и други работи ќе му помогне на детето.

„Покрај тоа, треба да се следи обемот на бел шум. Во 2014 година, Американската академија за педијатрија тестираше 14 апликации со бел шум наменети за бебиња, и се покажа дека сите тие ги надминуваат препорачаните граници на бучава поставени на 50 децибели“, предупредува д-р Карп на својата веб-страница.

Можете да најдете бели звуци на YouTube или некои апликации за паметни телефони.

Напиши коментар