Bridal

Дали знаете зошто деверушите имаат исти фустани?

До викторијанската ера, невестите и деверушите носеа исти фустани, се додека кралицата Викторија не го постави трендот на бели венчаници.

Дотогаш, деверушите постоеја за невестата да се вклопи во толпата.

Дали некогаш сте се запрашале зошто деверушите секогаш се во исти фустани. Причината за ова потекнува од далечната историјата и воопшто не е романтична.

Значи, овој обичај датира од времето на античките Римјани. Деверушите служеле како мамка за злите духови и поранешни партнери на невестата. Во тоа време, кутрите деверуши носеле исти фустани како невестата, и колку повеќе имало, толку помалку шанси имало лошите духови или поранешниот партнер да ја нападне вистинската невеста.

Улогата на деверушите била да ги збуни овие несакани гости, а не да стојат и изгледаат убаво покрај невестата.

Да се биде деверуша во тоа време сигурно не било нешто што секоја жена би го посакала, пишува Bustle.

– Деверушите беа мамки. Тие се шетаа околу свадбата и изгледаа исто како невестата, која без проблем можеше да стигне до олтарот – вели Саманта Белингер, авторка и организаторка на венчавки.

Во викторијанско време, кралицата Викторија го постави трендот на бели венчаници, но обичајот да се облекуваат деверушите во исти фустани остана.

Напиши коментар