Многу пати сме слушнале совети дека на бебето треба едноставно да му се дозволи да плаче.
Научниците истражувале и покажале дали на овој начин ќе му наштетите на вашето бебе.
Оставањето на бебето да плаче, без утеха или земањето во рацете, не остава последици врз личноста на детето или неговата способност да воспостави односи со околината, потврдија научниците од Универзитетот во Ворвик.
Тие посочија дека ова може да има необична, добра последица – бебињата кои биле оставени да плачат од раѓање многу поретко и пократко плачеле после 18 месеци, пренесува „Journal of Child Psychology and Psychiatry“.
178 бебиња и нивните мајки учествуваа во студијата, а нивното однесување и навики беа следени 18 месеци.
Авторите на студијата ги поделија семејствата на оние кои го оставаат бебето да плаче многу често, на оние кои повремено го земаат и го утешуваат, и оние кои секогаш го земаат во раце и „интервенираат“ веднаш штом ќе заплачат.
Однесувањето на овие деца во текот на 18 месеци беше анализирано детално, со неколку видови тестирања.
Беше испитано дали нивната блискост со нивните мајки или нивното однесување „претрпе“ последици, преку серија анализи од психолозите. Беше забележано и како се однесуваат децата кога нивната мајка излегува од просторијата и се враќа, каква е дневната интеракција за време на играта.
Децата кои останаа да плачат немаа различни резултати од другите деца, пренесува списанието. Но, да, на возраст од 18 месеци, тие плачеа поретко од другите деца, а кога ќе заплачеа, ќе се смиреа побрзо.
„Оваа студија е еден одговор на прашање што честопати ги мачи мајките, а поради кое тие се цел на осуда од семејството или околината. Наводите за наводна штета врз детето најмногу ги прават лица од околината кои немаат медицинско образование или се психолози. Оваа студија покажа дека дете до 18-ти месец од животот, не заостанува на каков било начин во развојот поради продолжено плачење “, објавува магазинот.
“Родителите заслужуваат пофалби, особено мајките, затоа што го следат однесувањето и плачот на нивното бебе и учат да се прилагодат. Многу мајки се несигурни со новороденчињата и им даваат утеха веднаш, додека со текот на времето учат да препознаат кога бебето ќе се смири само по себе. Бебињата кои учествувааво студијата се развија подеднакво без оглед на пристапот на мајката кон нивниот плач“, рече професорот Дитер Волк.