Like

Ефикасен трик: Како да ја исчистите гумата на старките

Иако денешните машини за перење имаат различни програми за перење облека и чевли, вистина е дека центрифугата често може да ги оштети.

Кога станува збор за белите чевли, гумата на патиките по перењето станува жолта или добива грди дамки.

Ако сте имале слично искуство, не грижете се, бидејќи постои одличен трик за тоа како да го вратите сјајот на вашите чевли.

Сè што ви треба е сода бикарбона, вода и малку оцет.

Измешајте вода и оцет, во еднакви пропорции, а потоа додадете сода бикарбона – сами утврдете ја количината, важно е да добиете густа смеса. Земете стара четка, натопете ја во смесата и исчистете ги патиките.

Кога ќе завршите, исплакнете ги со топла вода и оставете ги да се исушат на топол воздух.

Напиши коментар