Bridal

Историјата на бурмите

Размената на бурми е старовековна традиција. Симболиката на носење на бурми е присутна во многу култури ширум светот.

Историја на бурмите: првата размена

Првиот регистриран доказ за размена на бурми датира од антички Египет пред повеќе од 3000 години. Пронајдените ракописи покажуваат двојки кои си разменуваат прстени направени од трска или коноп. Бидејќи овие материјали не траат долго, двојките го заменувале нежниот прстен со друг, направен од кожа, коски или слонова коска. Колку бил поскап материјалот, толку била поголема љубовта. Вредноста на прстенот исто така го покажувал и богатството на давателот. Преводот на хиероглифите покажал дека прстените симболизирале обврска и вечна љубов помеѓу двојката бидејќи кругот нема ниту почеток, ниту крај. Отворениот центар е вратата кон иднината. Оваа симболика е присутна и до денес.

Историја на бурмите: Антички Рим

Во Антички Рим младоженецот и се претставувал на невестата со железен прстен, што всушност претставува и почеток на денешните метални прстени. Трајниот материјал претставувал сила и одржливост. Се верува дека Римјаните први ги гравирале прстените. И тие како и Грците го ставале прстенот на домалиот прст на левата рака бидејќи верувале дека таму се наоѓа вената на љубовта. Уште една теорија која стои позади оваа традиција е таа дека свештениците од почетокот на христијанската религија кога се прекрстувале ги користеле палецот, средниот прст и домалиот прст додека изговарале “Во името на Отецот, Синот и Светиот Дух”. Прстенот се уште симболизира единство помеѓу двајца луѓе и ги дефинира како двојка.

Историја на бурмите: Ренесанса

За време на 16 и 17 век по веридбата, идната невеста и младоженец носеле по еден дел од прстен. За време на венчавката младоженецот го ставал својот дел од прстенот на раката на невестата, обединувајќи го сетот како сложувалка. Во ова време актуелни биле сребрените прстени.

Историја на бурмите: Модерно време

Во многу култури, традицијата наложувала само жените да носат бурми. Ова било случај и во САД за време на Втората Светска Војна. За време на војната многу војници носеле бурми како знак за врзување и начин да се потсетуваат на своите сопруги. Потоа, бурмите станале многу популарни меѓу сите граѓани. Популарноста на бурмите придонела за развој на многу стилови. Од злато, сребро, платина, па дури и силиконски, кои се идеални за активни двојки. Збогатувајќи го стилот и современи дизајни, бурмите се модерен и функционален начин за паровите да ја покажат нивната вечна љубов.

Write A Comment