Motherhood

Како да знам дека ми пукнал водењакот?

Пукање на водењакот е првиот знак дека пораѓајот започнува. Меѓутоа, со оглед на тоа што многу работи можат да нè измамат да помислиме дека водењакот ни пукнал, ние издвојуваме како да препознаеме кога е навистина време да одиме во болница.

Во деветтиот месец од бременоста, кога ќе се приближи датумот на пораѓање, сосема е оправдано да не сте сигурни дали и кога е време да одите во болница. Особено кога ќе дознаете дека водењакот не пука толку драматично како во филмовите, можеби во секој момент се прашувате дали водењакот навистина пукнал или не.

За подобро да се подготвиме и да бидеме безбедни, издвојуваме начини да препознаеме дали водењакот пукнал или не.

1. Не можете да добиете информации преку телефон Исплашените идни мајки многу често се јавуваат во болницата во паника, бидејќи не се сигурни дали навистина пукнал водењакот. Иако секој лекар би сакал да може да види и да знае дали се случило тоа на некој магичен начин, сепак е невозможно преку телефон. Ако сте навистина во паника и се плашите дека пукнал, најдобро е да одите во болница или да се јавите кај вашиот лекар за да ви каже што да направите. Медицинските сестри кои одговараат на телефон во болницата, едноставно не можат да ви помогнат.

2. Обидете се да станете Еден од триковите што ќе ви помогнат е да станете. Ако течноста почне да тече повеќе во стоечката положба, голема е веројатноста дека водењакот пукнал. Кога стоите, создавате дополнителен притисок, така што амнионската течност повеќе истекува отколку кога седите.

3. Можеби тоа е слуз Дури 50% од случаите на исплашените жени се јавуваат поради слуз. Како што се приближува трудот, грлото на матката се омекнува, ослободувајќи помалку слуз. Ако течноста е побела и малку погуста, најверојатно е само слуз.

4. Амнионската течност е бистра За да препознаете дали водењакот пукнал, треба да знаете како изгледа самата амнионска течност. Не треба да има никаков мирис и е целосно чиста, безбојна.

5. Водењакот може да пукне нагло или да пушта течност полека Многу жени навистина очекуваат сцена од филмовите, каде што одеднаш истекува амнионската течност. Додека во некои случаи тоа се случува, во повеќето случаи пукањето на водењакот е сепак посуптилно и послабо.

6. Породувањето започнува во моментот кога пукна водењакот Кога че пукне водењакот, самото раѓање ќе започне многу брзо. Бидејќи контракциите веројатно ќе бидат силни, нема да мора да размислувате многу за тоа дали е вистинско време или не, затоа што го чувствувате тоа.

7. Постои можност водењакот да се затвори по истекувањето Ретко е, но истото може да се случи. До моментот кога ќе одите во болница, тој може да заздрави, што може да биде уште пофрустрирачко.

8. За некои жени, водењакот воопшто не пука Понекогаш може да се случи водењакот да не пукне до раѓањето, па дури и до моментот кога бебето треба да излезе.

Напиши коментар