Не е важно каде го купувате, ниту брендот е важен- кесичката од чипсот секогаш е полупразна.
Тоа е неретко разочарување, а луѓето знаат да искоментираат дека одреден бренд ги краде и им го скратува уживањето. Но тоа не е вистина.
Идејата за празниот дел од кесата е дека воздухот во тој дел, односно азотот ги чува грицките од кршење и ронење при транспорт. Кога не би било тоа, веројатно би купиле кесичка со трошки од чипс, а не убаво пржени парчиња компир.
Уште една позитивна страна е тоа дека азотот го чува чипсот свеж. Кога во кесичката би имало свеж воздух, веројатно чипсот ќе стане жилав. Во 1994 година научниците откриле дека изложување на чипсот на азот ја чува неговата крцкавост и свежина, но и дека вкусот е подобар.