Миленичиња

Кучиња кои се сложуваат најдобро со мачките

Повеќето луѓе се одлучуваат за куче или мачка, но сепак има такви што сакаат да ги имаат двете врсти на милениче во својот дом.

Погледнете подолу кои раси се сложуваат најдобро со мачките, но треба да знаете дека секогаш има исклучоци. Затоа, не заборавајте да ги запознаете полека и безбедно, за да избегнете проблеми.

Биглот спаѓа под расата ловечки кучиња што го користат својот исклучителен мирис за да го намирисаат пленот. Овие кучиња традиционално ловеле во големи групи со ловците, па затоа било неопходно да се сложуваат со други животни. Повеќето од нив ќе живеат среќно со други животни, вклучувајќи мачки, за кои веројатно ќе сметаат дека е уште еден член на групата.

Басетот исто така е ловечко куче. Басетите се пријателски настроени и прилагодливи. Со кратки нозе и долги, тешки тела, оваа раса е малку бавна – одлични за живеење со мачки. Тие се многу лојални и трпеливи.

King Charles шпаниел се карактеризира како лојален придружник на деца и верен член на семејството. Поголемиот дел од времето, тие ќе се однесуваат одлично со мачки во домаќинството.

Една од најпопуларните раси во светот, златниот ретривер е навистина нежно куче, а неговите добри манири се прошируваат и кај мачките и кај луѓето. Златните ретривери секогаш ќе се дружат со другите миленичиња во куќата.

Пудлиците се паметни и имаат тенденција да бидат тивки во куќата. Просечната тежина на некои пудлици е 4 до 6 килограми, тие се помали од мачките. Сите видови пудлици можат да живеат мирно со мачки во куќата.

Напиши коментар