Кога купуваат ранец, родителите не се сигурни што да бараат.
Еве неколку чекори што ќе ви го олеснат купувањето.
Многу родители на училишни деца се загрижени за една иста работа – училишен ранец.
Постојано зборуваме за проблемот со ранецот кој е премногу тежок и за големиот број на книги што децата ги носат секој ден, а го забораваме вистинскиот проблем со кој се соочуваме – негово купување.
1. Задолжително земете го детето со вас
Ранец со прекумерна тежина го деформира ‘рбетот, а со тоа и целото тело на детето. Детето се обидува да одржува рамнотежа, со што ги затегнува мускулите на вратот и грбот. Тежината на ранецот не треба да надминува 10 проценти од тежината на детето, бидејќи голем товар може да доведе до деформитети на ‘рбетот.
Првата и основната ставка при купување е детето да го проба ранецот. Многу поважно од убавината, анимацијата или обликот е да му одговара на детето. Еден од најважните трикови е да понесете јакна, за да бидете сигурни дека ќе му одговара на вашето дете дури и во зимските денови.
2. Удобност
Кога детето пробува ранец, не заборавајте да внимавате дали е удобен. Не треба да се лизга ниту да го стега детето. Исто така, проверете дали има додатоци за закопчување на непријатно место што ќе го штипнат детето или ќе создадат непријатно чувство. Не дозволувајте детето да биде повредено.
3. Прилагодување
Со оглед на тоа што вашите мали растат со неверојатна брзина, обрнете внимание на тоа дали ранецот има можност да ја прилагоди должината. Изберете појас со ширина од најмалку 4 см, бидејќи на тој начин ранецот помалку ќе се трие од рамениците, а тежината на товарот ќе биде рамномерно распоредена.
4. Силни бои
Изберете ранец со впечатливи бои или флуоресцентни ленти, така што децата се позабележителни во сообраќајот, особено во темница.
5. Обрнете внимание на возраста
Ранците не се добар избор за помалите деца. Тие можат да го оштетат рбетот на детето затоа што не се прилагодени на неговото тело.