Bridal

Љубов од младоста: После 20 години лоши бракови повторно вљубени

Откако се разведов од поранешната сопруга, размислував за Алиса уште повеќе. Решив да и испратам порака на Фејсбук. Беше пресреќна што и пишав, вели Тим.

Алиса (42) и Тим Моунс (41) од Орегон, САД, некогаш биле во врска како тинејџери во 1996 година. Откако раскинаа, поминаа две децении во текот на кои воопшто не разговараа. Во тие дваесет години, тие најдоа партнери, се венчаа и на крајот се разведоа во 2016 година. Тие веруваат дека искрата постоела цело време.

– Откако се разведов од поранешната сопруга, размислував уште повеќе за Алиса. Решив да и испратам порака на Фејсбук. Беше пресреќна што и пишав. Се сретнавме веднаш и се венчавме за седум месеци – вели Тим.

Тие си ветија еден на друг дека ништо повеќе нема да ги раздели, а се венчаа во јули 2016 година.

– Тој ми испрати порака во пресрет на Божиќ 2016 година и тоа беше првиот пат кога слушнав од него после 20 години – вели Алиса.

– Бевме слатка двојка во средно училиште, но нашите патеки се разделија кога отидовме на колеџ, како и многу парови во тие години. Она што требаше да се случи се случи. Кога се најдовме повторно, после разводот од поранешните партнери, продолживме таму каде што заминавме. Се забавуваме и добро ни е заедно и тоа е она што ни треба – вели Алиса и додава дека тие започнале да се дружат во февруари, а веќе биле во брак во јули.

Таа се разведе од својот втор сопруг во септември 2015 година по краткиот брак што траеше само 10 месеци. Таа верува дека таа врската била токсична.

Тим контактираше со неа во декември, а тогаш минуваше низ развод со неговата поранешна сопруга со која беше 15 години. Нивните четири деца од претходните бракови биле на свадбата.

– Сè беше убаво. Се чувствував како да се мажам за пријател и љубовник. Живеам како во бајка – рече Алиса.

– Последните три години беа прекрасни и правиме апсолутно сè заедно. Јас сум најсреќна што сум била до сега и едноставно се чувствувам како да требаше да биде така – вели Алиса.

Напиши коментар