Пролетта е идеално време за создавање на нови, но и пробување на старите модни трендови.
Во морето од фустани, дезени, бои и кроеви, комбинезоните се едни од омилените парчиња меѓу познатите мајки.
Освен тоа што се многу практични бидејќи се составени од еден дел, комбинезоните се ефектни сами по себе и оставаат фантастичен впечаток.
Иако сами по себе изледаат супер шик, можете да ги искомбинирате со добра чанта, очила или фризура.
Секако, тука се и обувките.
Во време кога модата достигна слобода на различно и лесно комбинирање на стиловите имате прилика да бидете потполно креативни. Искомбинирајте го вашиот омилен комбинезон со папучи, сандали на потпетици или со рамен ѓон, па дури и со патики.
Постојат безброј идеи, а во секоја од нив ќе изгледате совршено.
Еве дел од познатите мајки кои можат да ве инспирираат за модерен изглед во комбинезон
Џенифер Лопез Џенифер Лопез Роузи Ханингтон Алесадра Амбросио Аманда Холден Ева Лонгорија Викторија Бекам Хајди Клум Хајди Клум