Откако нејзиниот петгодишен син имал сериозни симптоми на нова болест која се јавува кај децата, мајката Хана решила да ги предупреди сите родители.
Веќе неколку недели, експерти од целиот свет ги предупредуваат родителите за појава на синдром на токсичен шок, т.е. синдром на мултисистемско воспаление кај деца. Имено, голем број на деца кои ги искусиле овие симптоми, а кои се многу слични на синдромот Кавасаки, биле позитивни на вирусот корона или го прележале.
Неодамна, овој синдром се појави и кај нас.
Мајка од Западен Јоркшир ги предупреди останатите родители за симптомите на оваа болест, откако нејзиниот петгодишен син беше во сериозна состојба. На почетокот на април, момчето имало треска и суво грло. Ова беше придружено со недостаток на енергија и апетит, така што лекарите претпоставуваа дека антибиотиците ќе бидат доволни.
Сепак, една недела подоцна, состојбата на момчето се влоши, тој започнал да халуцинира и неговата температура достигнала 40 степени, со 169 отчукувања на срцето во минута. Хана Филдс и нејзиниот сопруг Лук брзо отишле во болница откако детето се здобило со треска и брзо чукање на срцето, толку многу што не можел да стои.
Тестовите на крвта покажале дека тој има воспаление во срцето, бубрезите и цревата, така што му дијагностицирале мултисистемско воспаление. Му биле направени два теста за вирусот корона, и двата биле негативни.
Момчето било третирано исто како да има Кавасаки болест.
„За среќа, тој се опорави“, рече мајката на момчето.
„Би сакала луѓето да бидат посвесни, затоа што сè уште не се знае ништо за оваа болест“.
Додека некои експерти ја поврзуваат оваа состојба со корона вирусот, има многу што тоа го оспоруваат.