Миленичиња

Отсуството на посетители во зоолошката градина поттикна „бебе бум“ : Дел од новите жители се елени, мајмуни, лами

Рестриктивните мерки беа добри за нив.

Сибирската зоолошка градина, која ги затвори вратите за посетителите повеќе од два месеци поради вирусот корона, рече дека рестриктивните мерки поттикнале „бебе бум“ меѓу нивните животни.

Меѓу новодојденците во зоолошката градина се ретките египетски гуски, елени, лами и кафеави мајмуни, објави Ројтерс.

– Судејќи според „бебе бумот“, рестриктивните мерки беа очигледно добри за нас затоа што сега имаме многу интересни и убави младенчиња – рече Андреј Горбан, директор на зоолошката градина Роев Ручеј во Краснојарск.

Горбан рече дека иако отсуството на посетители охрабрило парење меѓу некои „жители“ од градината, други биле збунети и охрабрени од промените во нивното однесување.

– Многу (животни) се вознемирени затоа што не разбираат што се случува. Имаат таков поглед – рече Горбан.

Камилите се меѓу оние животни на кои им се чини дека им недостасуваат посетителите, па затоа ги следат сите вработени кои поминуваат покрај нивното живеалиште.

Напиши коментар