За време на бременоста, сосема е разбирливо да се запрашате дали е добро да имате сексуален однос и дали тој ќе му наштети на вашето бебе. Односот со партнерот не само што нема да ви наштети, туку исто така ќе има големи предности за вас и вашето бебе.
Иако поминавте многу време во спалната соба работејќи на зачнување, сега кога сте бремени може да бидете малку збунети кога станува збор за сексот.
Дали е безбеден? Дали ќе ни биде убаво? Одговорот е ДА на двете прашања.
Додека сакате, и додека вашиот лекар не ви каже поинаку, сосема е во ред да имате секс во текот на целата бременост. Покрај тоа, може да има придобивки за вас.
Издвоивме 8 предности на сексот во бременоста.
1. Тоа е сосема безбеден начин да бидете блиски со партнерот
Сосема е оправдано да се плашите дека може да го повредите бебето на некој начин. Време е да ги отфрлиме сите стравови и сомнежи. Освен ако вашиот лекар не каже дека постои причина за тоа, сексот е потполно безбеден во бременоста. Не се грижи. Вие нема да го повредите бебето на кој било начин, ниту пак ќе го зголемите ризикот од инфекција (освен ако вашиот партнер има проблем што лесно се пренесува). Ако немате проблеми и ризична бременост, оргазмот нема да ги зголеми шансите за спонтан абортус или предвремено породување.
2. Сексот во бременоста може да биде многу подобар од вообичаеното
Промените во хормоните можат да го направат сексот многу поубав за вас. Сосема е нормално, дури и ако не чувствувате промена, се разбира.
3. Тој ќе допринесе и за вашето здравје, а исто така ќе олесни некои симптоми во бременоста.
Сам по себе, сексот може да биде одлична физичка активност. Покрај тоа, ќе отстрани многу непријатности што ќе ги чувствувате за време на бременоста. – Ќе согорите калории: Може да согорите дури 50 калории за половина час. Нема да го замени вистинскиот тренинг, но дефинитивно вреди. – Го намалува крвниот притисок – ќе спиете мирно: Релаксацијата и чувството после секс ќе го подобрат спиењето. – Ја намалува болката и непријатноста: Оргазмот дава сигнал за ослободување на окситоцин, што ја зголемува вашата толеранција на болка.
4. Сексот во бременоста ќе ве расположи
Без оглед колку се радувате поради бебето во стомакот, понекогаш може да се чувствувате тажно, вознемирено, лошо расположени заради хормоните. Бременоста е вистински ролеркостер, а сексот е одличен начин за целосно да се препуштите на моментот. Окситоцинот ќе го зголеми чувството на љубов и среќа, така ќе чувствувате поголема интимност со партнерот.
5. Добро делува на бебето
Не само што нема да го повредите бебето, туку ќе му допринесете со тоа. Повеќе добри чувства за вас значи дека бебето е помалку изложено на хормонот на стрес. На овој начин, вие имате позитивен ефект врз нејговиот развој уште пред раѓањето.
6. Ова е добра можност да пробате нешто ново
Растечкиот стомак може да биде пречка за вашите омилени пози. Сепак, нема причина да се грижите, бидејќи сè уште има многу начини да уживате со вашиот партнер. Некои пози може да бидат нови за вас. Истражете што функционира најдобро за двајцата.
7. Сексот може да влијае и на породувањето
Оргазмот ги стимулира контракциите на матката. Ако не сте на крајот на бременоста и вашето тело сè уште не е подготвено, овие контракции не можат да доведат до породување. Меѓутоа, кога бебето ќе одлучи дека е време, тие можат да помогнат да се забрза раѓањето. Сепак, тоа не е секогаш така, затоа не разочарувајте се ако не се случи ништо. Ако во четириесеттата недела сè уште сте расположени за секс, нема причина да го избегнете тоа.
8. Сексот за време на бременоста може да го олесни закрепнувањето од породувањето
Зајакнатата карлица ќе го подготви вашето тело за породување, но исто така ќе го олесни закрепнувањето после тоа. Оргазмот е навистина интересен начин за зајакнување на овој регион. Доколку сте расположени за секс, само напред. Се разбира, ако докторот поради некоја причина предупредува дека сексот не е безбеден за вас и бебето, нема да го практикувате.
Ако не сте сигурни и имате прашања, најдобро е прво да се консултирате со лекар.