Motherhood

Работа од дома – родителите се попродуктивни од вработените кои немаат деца

Беше спроведено невообичаено истражување, а добиените податоци беа многу неочекувани.

Новите податоци покажуваат дека родителите кои работат од дома се попродуктивни од луѓето кои немаат деца, пренесува People.com.

Иако разликата е занемарлива, истражувањата покажаа дека од 327 лица кои работат од дома, оние без деца пријавиле пад на продуктивноста од три проценти, додека родителите пријавиле пад од само два проценти.

Исто така, постојат истражувања кои покажале дека над 40 проценти од луѓето рекле дека сакаат да продолжат да работат од дома.

Истражувањето исто така покажа дека вработените работеле во просек 9 часа и 45 минути на ден од дома, затоа што имале многу повеќе работи што им пречат.

Една третина посочи дека социјалните мрежи се она што убедливо најмногу им пречи и дека им одзема скоро 2 часа од работно време.

На ова може да се додадат и проблемите со технологијата што се јавуваат многу почесто при работа од дома.

Напиши коментар