Една жена сподели трик на TikTok кој ги воодушеви мајките, а дефинитивно и бебињата низ целиот свет.
Растењето на забчињата за бебињата, но и за родители, може да биде вистински кошмар. Губење на апетит, несоница, плачење, раздразливост и прекумерно лигавење се некои од почетните симптоми.
За оваа непријатност да помине понебезболно, може да се купат голем број на производи, од гелови за заби, до играчки за џвакање што ќе обезбедат барем привремено олеснување.
Корисничката наТикТок, Џени, откри како можете да му помогнете на вашето дете бесплатно и тоа од дома. Сè што ви треба е мала крпа за да ја натопите во ладна вода, а потоа ја свиткувате и ставете ја во калп за мафини. Ставете го садот во замрзнувачот максимум половина час, а потоа му ја дадете крпата на детето. Таа ќе ги олади непцата додека весело ја грицкаат и со тоа ќе ја ублажат болката.
Видеото е прегледано повеќе од два милиони пати.
Родителите потврдија дека ќе ја испробаат оваа идеја, а оние кои веќе ја пробаа кажаа дека „прави чуда“.