Motherhood

Секс по доаѓањето на бебето: ако мама не е среќна, никој не е среќен и нема акција во кревет!

Ситен знаеме дека детето влијае на сексуалниот живот кај паровите. Не се работи само заради недостатокот на сон и чувството на исцрпеност, туку и заради времето. Според најновите истражувања, кога мајката е под стрес и загрижена заради родителските вештини, количината на сексот може и тоа како да се намали.

Истражувачи од Пен Стејт интервјуирале 169 парови кои неодамна го добиле првото бебе- прво по шест месеци, а потоа повторно ги интервјуирале за една година за да ја утврдат причината која придонела за ниското сексуално задоволство по добивањето на детето. Откриено е дека мајчиниот стрес не влијае само врз нејзиното сексуално задоволство, туку и врз задоволството на нејзиниот партнер.

Обратно, кога таткото е под стрес, степенот на задоволство останал ист. Тоа е така веројатно затоа што жените сносат поголема одговорност за грижата за новото бебе и затоа што општество создава поголем притисок врз жените кои треба да бидат совршени.

Општо земено, жените гледаат на мајчинството како дел од својот идентитет на жена. Кога новите мајки се чувствуваат уморно заради одговорностите како родител, тие се чувствуваат помалку сексуално.

Напиши коментар