Сите обожаваме да престојуваме во природа, а децата особено уживаат во тоа.
Сепак, во овој период, има голем број на инсекти, кои лесно можат да каснат дете, а во исто време да остават осило. Првата помош е клучна, па погледнете што треба да направите во тој момент.
Играњето надвор и престојот на сонце и во природа буди желба за безброј различни игри, забава и смеа. Сепак, во природа има поголем број пчели и е сосема разбирливо, а со тоа постои опасност од убоди.
Погледнете што треба да направите кога некое дете, или вие, сте каснати од пчела.
1. Отстранете го осилото
Затегнете ја кожата. Полека туркајте го осилото од страна со предмет, како што е кредитна картичка, ако убодот е видлив. Не стискајте го, за да не ослободите поголема количина отров.
2. Ладете со мраз
Мразот ќе спречи чешање, но и ширење на токсините. Држете го го врз убодот помеѓу десет минути и половина час.
3. Лекови
Дајте му на детето ибупрофен или ацетаминофен за болка и орален антихистамин, се разбира, во консултација со специјалист. Ако отокот и болката се влошат, а црвенилото почнува да се шири, или се појави друг симптом, не заборавајте да се јавите на лекар.