Миленичиња

Ветеринарите предупредуваат дека домашните миленици не треба да се дезинфицираат со алкохол

Француското здружение на ветеринари предупреди дека домашните миленици, особено кучињата и мачките не треба да се дезинфицираат со производи со алкохол, бидејќи може да бидат штетни за нив, но доволно е да им ги измиете шепите со сапун и вода.

Среде епидемијата на корона вирусот, многу сопственици на животни сами преземаат некои опасни иницијативи, соопштија ветеринарите, додавајќи дека фотографиите на кучиња со повреди на шепа од миење со детергент, алкохол, па дури и проширени вени со денови се појавуваат на социјалните медиуми.

Ветеринарите повторија дека сапунот и шампонот се доста доволни, додека алкохолот и другите средства за дезинфекција се опасни за животните што лижат и со тоа внесуваат хемикалии во организмот.

Додадоа дека треба да одржуваат одредено физичко растојание со животните, да ги мијат рацете почесто откако ќе го галат миленичето и да избегнуваат блиски контакти – лижење на раката или душкање на лицето.

Французите се големи љубители на миленичиња на кои им посветуваат посебно внимание.

Напиши коментар