Бразилската докторка Вирџинија Соарес де Соуза, против која се води процес за убиство на седум пациенти, е под истрага поради 300 други смртни случаи, соопштиле властите од Бразил.
Таа се терети дека во болницата во Куритиба на пациентите приклучени на апарати за одржување на живот им го исклучувала кислородот и им давала смртоносни дози на лекови за опуштање на мускулите.
Вирџинија Соарес де Соуза, директорка на болницата, уапсена е во фебруар со уште три лекари и една медицинска сестра.
Бразилското министерство за здравство анализирало 1.700 болнички документи од последните седум години.
Сите сомнителни случаи на смрт имаат иста врска помеѓу лековите, проблеми со апаратите за вештачко дишење, периодот во кој сето тоа се случило и смртта на пациентите.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=BNhf5sWKyCM#!
