Prison brake

Нови шокантни фотографии од местото каде почина Мајкл Џексон!

Полицијата на Лос Анџелес објавила нови, шокантни фотографии кои се направени на местото каде почина звездата Мајкл Џексон.

Службените снимки се користат како доказ во судскиот процес кој семејството Џексон го покрена против компанијата AEG, промотерите на турнеата на Мајкл , барајќи оштета од 40 милони долари.

Како што пренесуваат америчките медиуми, шокантните фотографии, направени на денот на смртта на кралот на поп музиката, на 25. јуни 2009, овозможуваат да се види собата во која Џексон ги поминал последните моменти од својот живот и го откриваат степенот на неговата зависност од лекови.

На сликите може да се видат расфрлени шишенца со лекови, како Пропофол (аналгетик од чие предозирање почина), Дијазепами и Лидокаин како и многубројни рецепти и боци со кислород.

На нив се гледаат и чудни фотографии од непознати бебиња, наредени на една од комодите во собата како и ранецот на Конрад Марија, докторот кој се грижел за Џексон и кој во 2011. е осуден на четири години казна поради непромислено убиство.

Мајкл Џексон почина од труење со Пропофол кој го добил откако преживеал срцев удар.

Majkl Džekson | Foto:

Majkl Džekson | Foto:

Majkl Džekson | Foto:

Majkl Džekson | Foto:

Majkl Džekson | Foto:

Majkl Džekson | Foto:

 

Write A Comment