Деветнаесетгодишниот Крис Крејс, од Флорида, ловел риби во Мексичкиот залив кога се појавила кит ајкула долга девет метри, која пливала поред бродот во кој тој бил со својот пријател.
Не сакајќи да ја пропушти оваа можност, Крис скокнал во вода и ја зграпчил најголемата риба на светот за нејзиниот опаш. Ја јавал кит ајкулата околу 20 секунди, по што се вратил во бродот.
