Во близина на вулканот Лулаикано, на границата помеѓу Аргентина и Чиле, аргентинско-перуанската експедиција пронашла совршено зачувана мумија на петнаесет годишна девојка, која е мртва 500 години.
Научниците велат дека нејзините органи се целосно сочувани и можат да се видат трагови на белодробна инфекција, слична на туберкулозата. Девојката изгледа како да починала пред 15 дена.


