Момчето по име Алди Ризак е познато во целиот свет, а својата слава ја стекна поради навистина лошата навика – пушењето. Сега конечно успеал да се ослободи од овој порок.
Алди станал “популарен” со само две години, кога локалната телевизија снимила момче кое страствено пуши.
Тој станал најмладата личност која одела на одвикнување од цигари, каде низ игра и секојдневно вежбање успеал да се отараси од оваа лоша навика по три години.
Меѓутоа, се чини дека една лоша навика заменил со друга, па сега неумерено јаде и потежок е отколку што треба за неговите години.
Лекарите во Индонезија одлучиле повторно да му помогнат на момчето, па во моментов тој е на строга диета, која вклучува многу овошје и зеленчук и минимално внесување на нездрава храна. Тие се надеваат дека Алди наскоро ќе ослабе доволно и ќе може да продолжи со здравиот живот.
