Сара Атвел, позната како “Девојката со половина лице”, имала операција со која се очекува да и се врати изразот на лицето и да и се отстрани агресивниот тумор.
Сара (18) е со неврофиброматоза, генетско нарушување на нервниот систем.
Операцијата е документирана и ќе биде прикажана на телевизија, а на прв поглед е очигледно дека Сара ќе може нормално да се смее.
Сара е среќна заради постигнатите резултати.
– Кога го видов мојот одраз во огледалото, бев воодушевена бидејќи моите усни се прави. Само се гледав во огледалото и не можев да престанам да се сликам. Мајка ми е возбудена, соседите, татко ми – изјавила девојката за Fox News.
Лекарите изјавиле дека операцијата била многу тешка, било пресадено ткиво од лицето, како и нервните завршетоци.
Иако Сара и претходно имала одредени операции, туморот се ширел од усните кон носот, па нејзиното лице постојано ги трпело последиците од болеста. Исто така, оваа операција не е конечна, следи операција на окото, за да може Сара да изгледа нормално.
http://www.youtube.com/watch?v=FpqdhZw9S2w
