Prison brake

Сине, таа не знае кој сум јас, НО ЈАС ЗНАМ КОЈА Е ТАА!

Еден дедо од 80 години, секој ден доаѓал во домот за стари и немоќни лица за да ја нахрани својата сопруга.

Новинарот кој бил во посета на оваа установа, бил зачуден од тоа како овој стар човек ја храни  својата сопруга па го прашал дедото за причината за неговото доаѓање во домот за стари лица, а тој му рекол дека неговата сопруга веќе долго време боледува од Алцхајмерова болест, дека има тешко нарушување, заборава и никого не познава.

Новинарот го прашал повторно:” Па добро, дали таа некогаш се грижи ако не стигнете на време, со оглед на тоа дека сте веќе стар?”

Дедото одговорил: “Не, таа дури ни мене не ме познава повеќе, има веќе пет години”.

Новинарот изненаден прашал: “Па добро, вие и понатаму секој ден доаѓате да ја храните а таа не знае дека сте и сопруг, знаете ли дека овде има луѓе кои можат да се грижат за неа?” На тоа дедото го помилувал новинарот по косата и му рекол: “Сине, таа не знае кој сум јас, НО ЈАС ЗНАМ КОЈА Е ТАА!”

 

Write A Comment