Like

Лажел дека е џуџе: Десетгодишно момче и неговата помала сестра го украле автомобилот и тргнале во посета на нивниот дедо

Десет годишно момче кого норвешката полиција го пронашла утрово како го вози семејниот автомоби, на своите спасувачи им рекол дека е џуџе и дека ја заборавил возачката дозвола дома.

Момчето среде ноќ решило со својата 18- месечна сестра со кола да отиде кај баба му и дедо му во Валдрес, оддалечен 60 километри од Дока, град во северниот дел на Осло, кде што живее со неговите родители.

Тие не возеле долго, кога автомобилот се излизгал на патот и удрил во ендек. Ги нашол возач на камион за чистење снег и повикал полиција.

“Родителите се разбудиле и сватиле дека им ги нема децата и дека некој го земал автомобилот. Биле прилично возбудени, рекол портпаролот на локалната полиција, додавајќи дека момчето и неговата сестра која седела на совозачкото седиште не се повредени и дека им се вратени на родителите.

Write A Comment

iptv satın al   iptv   iptv satın al   orisbet   tophillbet   padişahbet   goldenbahis   bahiscasino   iptv satın al   iptv   iptv