Like

ФОТО: НИКОГАШ НЕМА ДА ПОГОДИТЕ КОЛКУ ГОДИНИ ИМА ОВАА ЖЕНА „Морам постојано да ги потсетувам младите дека сум доволно стара за да им бидам мајка“

Британката Шила Кис иако никој не би и дал толку многу, има 62 години и благодарение на здравиот начин на живот и секојдневното вежбање изгледа дупло помлада.

Сепак, таа признава дека овој младешки изглед, исто така, носи и свои проблеми затоа што 20-годишниците секој ден ѝ пишуваат на нејзиниот профил на Инстаграм и ѝ испраќаат пораки, сакајќи да ја запознаат и да се дружат со неа.

„Морам постојано да ги потсетувам младите дека сум доволно стара за да бидам нивна мајка“, вели Кис.

Манекенката и фитнес инструкторка од Бирмингем започна спортски стил на живот кога имаше 30 години, откако го роди своето второ дете, Шенон, која сега има 33 години.

Отсекогаш била заинтересирана за фитнес и сметала дека физичката активност е многу важна за здравјето на умот и телото, така што во нејзините четириесетти години се запишала во теретана и почнала да вежба секој ден. Оттогаш, Кис тренира два часа на ден и шест дена во неделата.

Со текот на годините, таа формираше фантастична линија, на која може да и завидуваат дупло-помлади жени.

Кис во моментов живее во Бали, одбива да држи диета и верува дека не само вежбањето, туку и уживањето во животот е важно за добар изглед.

Напиши коментар