Like

ОМНИ диета за слабеење, детокс и спречување на воспаленијата: исхрана која ќе ви го прочисти организмот од токсини и масни наслаги

Омни диетата станува се попопуларна во светот на здравата исхрана, а еве колку е делотворна за имунитетот, здравјето и слабеењето.

Оваа диета ја промовирала медицинската сестра Тана Амен која се изборила со сериозно заболување, карцином на штитната жлезда.

Уште пред 30 години таа се соочила со бројни здравствени потешкотии како хормонален дисбаланс, инсулинска резистенција, висок холестерол и проблеми со штитната жлезда.

За да го врати своето здравје во нормала, таа се одлучила да го промени начинот на исхрана. Се фокусирала на исхрана која подразбира избалансирано консумирање на производи од растително и животинско потекло во умерена количина.

Омни диетата подразбира 70 проценти билна исхрана и 30 проценти протеини, претежно од немасно месо.

Диетата подразбира многу ограничувања. На пример, млечните производи, глутенот, шеќерот, сојата, пченката, компирот и вештачките засладувачи не се дозволени.

Следејќи ја Омни диетата Амен вели дека трансформирала илјадници животи каде се изрегулирале воспалителните процеси во телото, се намалил ризикот од хронични болести и се оптимизирале мозочните функции.

Омни диетата подразбира програма за исхрана во три фази и трае 6 недели. Фаза 1 и 2 се малку рестриктивни, додека фазата 3 е едноставна.

Фаза 1

Јадете ја само храната која е вклучена во диетата.
Не смее да се консумира храна од забранетиот список
Јадете околу 90 проценти овошје дневно
Избегнувајте десерти
Консумирајте зелено смути наместо појадок и вечера
Јадете производи богати со протеини на секои 3-4 часа
Пијте вода наместо други пијалоци
Вежбајте најмалку два пати неделно и одете во сауна заради детоксикација

Вашата исхрана би требало да се состои од 30 проценти протеини и 70 проценти производи од растително потекло.

Фаза 2

Во текот на втората двонеделна фаза треба да продолжите да ги следите правилата од фаза 1, но дозволено ви е умерено да јадете необработени слатки кои не содржат дополнителен шеќер или бело брашно. На пример, темно чоколадо.

Покрај тоа од вас се очекува да вежбате секојдневно и да пешачите најмалку 30 минути дневно.

Фаза 3

Оваа двонеделна фаза овозможува поголема флексибилност во поглед на изборот на храна и е последна фаза на програмата. Дозволено е во исхраната да имате 10 проценти од продуктите кои се забранети. Ако морате, консумирајте забранета храна, но во три залаци. Можете да пиете една чаша црно вино неделно, но морате да одбегнувате алкохолни пијалоци кои содржат шеќер или глутен, како што се пивото или коктелите.

Дозволено ви е да уживате во јадења за време на прослави како свадби, родендени или годишнини. Но треба однапред да планирате и да одберете само една забранета храна во која можете да уживате. Важно е да не чувствувате вина заради консумирање на производите кои се на забранетиот список.

Оваа фаза треба да ја следите најмалку 2 недели.

Список на производи кои треба да ги јадете во ОМНИ диета:

Зеленчук кој не содржи скроб (рукола, артичока, шпаргла, авокадо, репа, пиперка, брокули, зелка, морков, карфиол, целер, блитва, краставица, домат, лук, кељ, зелена залата, печурки, кромид, ротквици, спанаќ, тиквици…)

Органско немасно месо (пилешко, мисиркино, риба, морски плодови…)

Јајца (важни се заради Омега 3 киселините)

Масти и масла ( бадемово, кокосово масло, органско маслиново масло и масло од макадамија)

Сирови и незасладени јаткасти плодови и семки

Брашно од јаткасти плодови (бадемово брашно)

Билки и зачини

Пијалоци- вода, зелен чај и незасладени растителни млека

Храна која треба да ја јадете ограничено:

Овошје- свежо или замрзнато бобинкасто овошје (малини, боровници, јагоди), останатото овошје е дозволено повремено (јаболки, кајсии, банани, цреши, грозје, грејпфрут, киви, лимон, липа, диња, манго, портокали, праски, круши, ананас, лубеница…)

Безглутенски житарки (жолт ориз, киноа)

Растителни протеини- грашок и леќа (не се дозволени во првите две фази)

Масло за готвење – пченкарно, растително (обидете се да го ограничите колку што можете повеќе)

Засладувачи- медот мора да биде сиров и непастеризиран (користете го во мали количини)

Кафе: една шолја кафе дневно пред 12:00 напладне

Храна која не е дозволена:

Бел компир

Јаглени хидрати (житарки, овесни снегулки, леб, бело брашно, шеќер, паста, ориз)

Свинско, шунка, обработено месо

Соја

Млечни производи (путер, сирење, павлака, сладолед, млеко и јогурт)

Пченкарни грицки

Грицки и благо ( торти, колачи, слатки, чипс, брза храна, солени грицки)

Шеќер (бел, кафеав)

Сокови ( лимонада, купечки сокови, енергетски пијалоци)

Сосови (кечап, соја сос)

Добрите страни на ОМНИ диетата:

  • го ограничува консумирањето на нездравата преработена храна
  • поттикнува слабеење без гладување
  • позитивно влијае на притисокот и на здравото срце
  • го чисти телото
  • ја намалува зависноста од шеќер
  • позитивно влијае на начинот на живеење

Напомена: Пред примена на оваа диета посоветувајте се со вашиот лекар.

Напиши коментар