Сигурно ви се случило минимум еднаш. Најверојатно сте пронашле некакво решение за вашиот проблем, но се надеваме дека прстот ви е сеуште на место.
Во следново видео ќе видите каков е пристапот кој се користи во Центарот за итна медицинска помош во Манчестер, а колку што сме упатени, и во некои ортопедски одделенија кај нас. За таа цел ќе ви биде потребен малку поширок ластик, или конец, со чија помош можете да ја извршите демонстрираната манипулација.
