Новото телевизиско шоу “Sex Box”, кое го најавува британскиот Channel 4, со сигурност ќе дигне голема прашина во јавноста.
Три љубовни парови ќе водат љубов во телевизиското студио, а потоа со водителката ќе разговараат за тоа. Со љубовните игри ќе се занимаваат во звучно изолирана, непрозирна кутија. Во секоја емисија која ќе биде претходно снимена, ќе учествуваат и два хетеросексуални парови и еден хомосексуален.
Авторите на шоуто “Sex Box”тврдат дека намерата им е да го одвојат сексот од порнографијата.
Водителката Фроструп се надева дека емисијата ќе предизвика зрела и интелигента дискусија за сексот во Британија.
-Сесот кој го гледаме на телевизија, во списанијата и на интернет, скоро и да нема никаква врска со вистинските секуални искуства на обичните луѓе. Ова ќе биде искрена размена на мислења за важните елементи од нашиот живот-изајвила водителката.
