Од земја до земја се разликуваат нивоата на кои се воведува највисока стапка на данок, па прагот за највисока стапка на данок во Велика Британија е 45% на заработувачка поголема од 250.000 фунти, додека во Италија максималната стапка изнесува 43% на примања поголеми од 125.000 евра.
Како што пренесува BBC, иако не е опфатена во истражувањето, Данска е држава со интересна пресметка на данок: 60% плаќаат сите кои заработуваат повеќе од 60.000 евра годишно. Просечната даночна стапка во Белгија изнесува 43%, а во Чиле 7%.
Кога станува збор за заработувачката и даноците на “обичните смртници”, рекордно високи даноци има во Белгија, во која самците даваат 43% од заработувачката за даноци и социјални давачки, по неа е Германија со 39,9%, а на дното на листата се наоѓаат Мексико со данок од 9,5% и Чиле со данок од 7%.
Истражувања на даночната стапка во развиениот свет покажаа дека најдобро да се биде богат е во Саудиска Арабија, додека на просечниот Грк , кога станува збор за данокот, најдобро му е да се разведе, пишува BBC.
