Prison brake

Луѓето можат да разликуваат повеќе од билион мириси

Носот е помоќен отколку што сме претпоставувале. Луѓето се во состојба да разликуваат повеќе од билион различни мириси.

Лицата кои биле на детално тестирање покажале дека се во состојба во потполна прецизност да направат разлика помеѓу најмалите нијанси на сложените мириси, а математичкиот модел на вкупен број на мириси кои сме во состојба да ги почувствуваме се околу илјада милијарди.

Досега се сметало дека можеме да разликуваме “само” околу 10.000 мириси, па оттука сознанието дека нашиот нос е 100 милиони пати помоќен отколку што се очекувало.

–          Се надевам дека нашиот работен труд ќе стори нешто по прашањето на лошата репутација која луѓето ја имаат што се однесува до нивното сетило за мирис – изјавува Лесли Вошел од институтот Хауард Хјуз и додава – Бројот од 10.000 мириси, колку што се мислело дека луѓето ги чувствуваат, утврден е пред 100 години и никој никогаш сериозно не се занимавал со оваа тема, иако сите знаеле дека таа бројка е погрешна.

Write A Comment